Спасовски: Приведени 4 лица за Јавна соба – двајца велешани, еден битолчанец и еден од Штип

Оливер Спасовски фото архива на СЛободен печат

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за Канал 5 посочи дека не 2 туку 4 лица се приведени, две од Велес, едно од Битола и едно од Штип кои се директни учесници во групата на телеграм „Јавна соба“.

„Во заедничка соработка со обвинителството се работи на понатамошни докази во потрагата на нови лици инволвирани во оваа група со цел да се дојде до оние кои ја креираат оваа група, меѓутоа и до оние кои ги злоупотребуваат личните податоци. Станува збор за брза реакција во спроведување на сторителите за да во најбрз можен рок  се стави крај на злоупотребите од овој тип на социјалните мрежи“ – рече Спасовски

За затворањето на групата веќе реагираа и премиерот Зоран Заев и Претседателот Стево Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот