Спасовски: Мора да започне процес кој полека ќе го враќа животот во нормала

Денеска ќе разговараме за носење на одлука со која што ќе се олесни движењето, односно скратувањето на т.н полициски час

-Ништо не е исто како претходно. Оваа година се е променето и сите ние треба да се прилагодиме на ситуација. Важно е да се почитуваат мерките се со цел заштита на нашето здравје. Домашната изолација е пред се одговорност – кон себе, кон семејството, кон граѓаните генерално. Затоа сметам дека секој граѓанин треба да направи се за да се заштити себе си и да го заштити здравјето на останатите граѓани. Инаку работно го поминувам времето, а токму тие, работните обврски ги извршувам од дома, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ премиерот на Северна Македонија, Оливер Спасовски, кој додаде и дека ова е време кое што бара дополнителна посветеност и ангажман пред се во справувањето со Ковид-19.

Околу денешната владина седница и највеното релаксирање на мерките, Спасовски вели дека сите мерки кои што Владата ги носи, се носат врз база на анализите од стручните луѓе, епидемиолозите и, Комисијата за заразни болести.

-Денеска ќе разговараме за носење на одлука со која што ќе се олесни движењето, односно скратувањето на т.н полициски час. Тој да започнува во 19 часот и да трае до 05 часот наутро. Да дадеме поголема временска рамка за движење на повозрасните луѓе. Да се движат од 05 до 12 на пладне и младите до 18 години да се движат од 13 часот до 19 часот. Ова се предлози од Комисијата за заразни болести пред се имајќи неколку параметри во вид – бројот на ново заболени, бројот на излекувани. Сето ова е земено во вид кога се предложени овие одлуки, вели Спасовски.

Овие одлуки не се детерминирани од верски презници, ниту од залагање на поедници.

-Ако ги носевме мерките само затоа што им се допаѓа на одредена група на луѓе, тогаш тоа не се сериозни мерки кои ќе дадат резултат. На самиот почеток реков дека ова се мерки кои едноставно мора да бидат донесени, а се со цел да се заштити животот на граѓаните. Јас сум среќен што тие даваат резултати, вели техничкиот премиер.

За заканите од поглаварот на ИЗВ, Спасовски вели дека е разговарано со лидерите на верските заедници и смета дека до сега има почитување.

-ИВЗ донесе одлука – не работеа џамиите во овој период и јас очекувам дека оваа одлука ќе продолжи да се почитува, изјави Спасовски.

Околу економските мерки и притисоците од бизнис заедницата, Спасовски со став дека одговорностите и обврските мора да се остваруваат.

-Наша обврска во овој момент е справување со Ковид-19 како и нормалниот живот на граѓаните да продолжи да тече. Ова е криза во која секој од нас губи по нешто. Нормални се барањата и од бизнис заедницата и правиме се да и помогнеме на економијата, да ги зачуваме компаниите, да ги задржиме работните места. Се разгледуваат и нови предлози кои доаѓаат, со цел да се помогне онаму каде што има простор. Јас би рекол дека ова е едно партнерство, дијалог, помеѓу работодавачите, работниците и Владата, рече Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот