Спасов: Да се почитува јазикот на другиот

УНЕСКО го прогласи 21 февруари за Меѓународен ден на мајчиниот јазик и суштината е во тоа да биде симбол на толеранција и културна разновидност.

„Најважен е поттикот дека треба да бидеме свесни дека во оваа држава, целиот регион и воопшто во цела Европа постојат многу јазици кои што се официјални и неофицијални и кои ги нарекуваме мајчини јазици. Тоа значи оној јазик кој што прв е прозборен во детството. Тоа ја покажува културната разновидност, општествената па и политичката разновидост на нашиот континент. Најважно е луѓето да станат свесни дека околу нив се зборуваат многу јазици кои што претставуваат едно културно богатство“, изјави универзитетскиот професорот Људмил Спасов во Утрински брифинг на „Слободна ТВ“, по повод меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Тој вели дека инсистирањето на еден јазик една работа која што се одвивала кон крајот на 18 и во текот на 19 век, па и првата половина на 20 век, дека тоа е периодот кога се создавале нации. Се сметало дека идеален модел е еден народ – еден јазик – една држава. Но се покажало дека тоа е невозможно особено во Европа, каде претходниот период се живеело во градови – држави и луѓето се мешале меѓу себе, од економски и од други причини.

„Инсистирањето на еден јазик довело до многу тешки последици на овој континент. Довело до многу војни, што е чудно, јазикот да биде причина за војна. Точно е дека јазикот не е е основната, но е покритие за војна, убивање, егзодуси, геноциди врз одредени заедници. За среќа светот стана свесен дека во ова време не може така да се постапува, дека не треба да гинат и да се бркаат луѓе затоа што зборуваат друг јазик и дека треба да се почитува другиот во целата таа културна и политичка историја на една заедница“, вели Спасов.

Професорот вели дека основно во овој празник е да се почитува јазикот на другиот, оној што не е како мене, оној што не го зборува мојот јазик или го зборува како втор јазик и има право да го зборува како прв јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот