Спалети е тренер на сезоната во Серија А

Фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Сосема очекувано, Лучијано Спалети е прогласен за тренер на сезоната во Серија А за изминатата сезона.

Спалети успеа на Наполи да му го донесе Скудетото на кое овој клуб чекаше 33 години и тоа на доминантен начин.

Наградата искусниот стратег ќе ја прими пред последното 38. коло во Серија А во кое Наполи на 4. јуни ќе се соочи со Сампдорија.

За тимот на Елиф Елмас ова беше трето Скудето во историјата, а последното го освоија во времето на Марадона во 1990 година.

И покрај освоената титула Спалети веќе потврди дека го напушта Наполи и нема да има нов ангажман во наредната една година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот