СП 2023: Гидсел МВП, избран и идеалниот тим

Фото: EPA-EFE/Jessica Gow SWEDEN OUT

Данска вчера во Стокхолм ја победи Франција во финалето и стигна до третото Светско првенство во низа. Данците станаа првата репрезентација на која и успеало такво нешто.

Најдобар поединец беше Матијас Гидсел кој ги собра сите признанија, тој е најдобар стрелец на шампионатот со 60 гола и беше прогласен за МВП на турнирот.

„Тие признанија не ми значат многу, најважно ми е што играм во најдобриот ракометен тим во светот. Покрај себе ги имам најдобрите играчи, без нив ниту јас не би постигнал толку голови. Направивме нешто што не му успеало на никој претходно. Имавме притисок, но знаевме што можеме да постигнеме, треба да бидеме горди“, истакна Гидсел на доделувањето на наградите.

ИХФ веќе го објави и Ол-Стар тимот каде што се најде и Симон Питлик кој блесна на ова првенство.

ОЛ-СТАР ТИМ:

Лево крило – Анхел Фернандез (Шпанија)

Лев бек – Симон Питлик (Данска)

Среден бек – Недим Ремили (Франција)

Кружен напаѓач – Лудовик Фабрегас (Франција)

Десен бек – Алекс Душебаев (Шпанија)

Десен бек – Никлас Екберг (Шведска)

Голман – Андреас Волф (Германија)

За најдобар млад играч на турнирот беше прогласен Германецот Јури Кнор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот