Данска третпат по ред е светски шампион во ракомет

фото: EPA-EFE/Tamas Kovacs

Ракометарите на Данска ја одбранија титулата светски шампион, откако во финалето на Светското првенство во Полска и Шведска ја совладаа Франција со 34:29 (16:15). Овој меч за златниот медал го судеа Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Македонија.

Данска е најголемата ракометна сила во светот и тоа повторно го докажаа. По трет пат во историјата стана светски првак.

Данците беа фаворити и ја оправдаа таа улога. Одлично го отворија натпреварот, водеа со 4:1, 7:3, па 10:6, постојано имаа четири гола предност, а водеа и со пет позитива.

Французите играа поцврсто во одбраната, се вратија резултатски на крајот од првото полувреме за неизвесност на натпреварот. На паузата заминаа само со еден гол заостанување со надеж дека ќе се борат со Данците во следните половина час.

Успеаја да израмнат, се играше гол за гол, но Данците секогаш беа чекор понапред, стекнуваа предност од два гола, а кога во последните 10 минути влегоа со три позитува, јасно беше дека Франција тешко ќе се врати во мечот.

Ја одржаа предноста и на крајот ја одбранија титулата светски шампион. Во победничките редови Лауге доминираше со 10 голови, Питлик со девет и Гидсел со шест гола. Во поразената селекција се истакнаа Ремили со шест и Мем со пет погодоци.

Претходно во борбата за бронзата репрезентацијата на Шпанија успеа да ја совлада Шведска со 39:36.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот