СП 2023: Франција и Шведска не дозволија изненадување, познати паровите во полуфиналето

Фото: EPA-EFE/Adam Warzawa

Франција вечерва со убедливи 35:28 ја совлада Германија, додека Шведска со 26:22 го совлада Египет, па така двете најтрофејни селекции на Светските првенства ќе се сретнат во полуфиналето.

Иако резултатот 35:28 покажува убедлива победа на Франција, сепак Германија беше рамноправен противник, а Французите разликата ја направија во финишот. Во поголемиот дел од првото полувреме Германија имаше предност, но на пауза се замина со нерешен резултат 16:16. Се држеа Германците се до завршницата, тогаш Франција го покажа својот квалитет и дојде до победата.

Најефикасни во редовите на Франција беа Фабрегас и Ремили со по пет гола, додека Јоханес Гола кај Германија постигна шест.

Во вториот четвртфинален натпревар од истиот термин Египет добро започна против Шведска и имаше предност во поголемиот дел од првото полувреме, но по предноста од 9:8 застанаа. Тогаш следуваше серија на Шведска од 6:0 за на пауза да заминат со 14:9.

Во второто полувреме само ја продолжија серијата и дојдоа до највисоките седум разлика 16:9. Египет до крајот не успеа сериозно да го загрози водството на Швеѓаните. Екберг ја предводеше Шведска со шест гола, а Махмуд за Египет беше стрелец на пет гола.

ПОЛУФИНАЛНИ ПАРОВИ

Франција – Шведска

Данска – Шпанија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот