Совршен спој – Направете си џем од малини и кокос

џем малини
Фото Профимедиа

Благодарение на смрзнувањето, малините можеме да ги имаме преку целата година. Тие се многу хранливи, а вкусот можете да го зачувате и со овој одличен џем.

Спојот со кокос звучи несекојдневно, но во секој случај, се работи за вкус кој никогаш нема да го заборавите.

Состојки:

500 гр малини
250 гр шеќер
150 гр кокос
Џемфикс
Лимонтус
4 лажици ликер од кокос

Подготовка:

Во тенџере измешајте го овошјето, шеќерот и џемфиксот, измешајте добро и оставете да отстои 15 минути. Потоа додадете го кокосот и вклучете да проврие 10 минути. На крајот додадете ги лимонтусот и ликерот.

Топлиот џем сипете го во тегли и затворете ги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот