Отворање на изложбата во Братислава

Современ визуелен дијалог со духовното и културното наследство на Св. Кирил и Методиј е претставен во Братислава

Во галеријата „Народне осветове центрум“ (Národné osvetové centrum) во Братислава на 27 мај беше отворена изложбата „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“ на која беа претставени делата на 4 современи македонски уметници: Лазе Трипков, Ана Митевска, Ангел Коруновски и Александра Костадиновска.

Куратор на изложбата е д-р Кирил Пенушлиски, историчар на уметност, а организацијата е на Јасминка Намичева од „Архифакт“ – Скопје. Изложбата беше поддржана од Министерството за култура и туризам на РС Македонија и Амбасадата на РС Македонија во Братислава.

Низ различни медиуми – сликарство, фотографија и современи визуелни интерпретации уметниците ја истражуваа релацијата помеѓу историската меморија и современиот уметнички израз, помеѓу трагот на словото и симболиката на светлината како духовна и визуелна категорија со што се воспостави современ визуелен дијалог со духовното и културното наследство на Св. Кирил и Методиј, глаголицата и словенската писменост.

Изложбата претставува обид за современо читање на културното наследство – не како статичен историски артефакт, туку како жива визуелна и духовна структура што продолжува да комуницира со современиот контекст.

Во присуство на голем број амбасадори, министри, претставници на дипломатскиот кор, уметници и јавни личности на отворањето на изложбата се обратија Н.Е. Евгенија Илиева, амбасадорка во Словачка, и д-р Кирил Пенушлиски, куратор на изложбата, известија од „Архифакт“ – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот