Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Советот на ЕУ одобри 2,8 милијарди евра помош за Украина

Советот на Европската Унија одлучи дека Украина, во рамките на седмата редовна исплата на помош од Инструментот на ЕУ, ќе добие 2,8 милијарди евра, соопштија денес од Брисел.

Исплатите се поврзани со Планот за Украина, кој ги утврдува мерките за нејзино закрепнување од војната, реконструкција и модернизација, како и роковите за реформи во согласност со нејзината цел за прием во ЕУ.

Претходната, шеста исплата, во декември 2025 година изнесуваше 2,3 милијарди евра.

Инструментот за Украина, кој стапи во сила на 1 март 2024 година, предвидува нејзино финансирање со повеќе од 50 милијарди евра во вид на грантови и кредити за периодот 2024 – 2027 година.

„По оценката на Европската комисија за барањето за исплата на Украина на 14 април 2026 година, Советот заклучи дека Украина задоволително усвоила низа реформи предвидени во Планот за Украина. Таквите реформи се однесуваат на управувањето со јавните финансии, судскиот систем, борбата против корупцијата и перењето пари, финансиските пазари, управувањето со јавниот имот, човечкиот капитал и деловното окружување. Украина, исто така, презеде мерки во енергетскиот сектор, транспортот, агро-прехранбениот сектор, управувањето со критичните суровини, дигиталната трансформација, зелената транзиција и заштитата на животната средина“, соопштија денеска од Советот.

ЕУ обезбеди 90 милијарди евра заем за поддршка на Украина

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот