Совети од Клиника „Жан Митрев“: Најсовремени третмани за репарација на оштетена зглобна ‘рскавица

Фото: Промо

Во Клиника „Жан Митрев“ се достапни најсовремени третмани за репарација на оштетена зглобна ‘рскавица со матични клетки и автологна зглобна ‘рскавица.

Оштетувањата на ‘рскавицата на зглобовите (колено, рамо, лакт, скочен зглоб итн.) кај луѓето се честа појава. Можат да бидат предизвикани од прогресивно дегенеративно заболување – остеоартритис или да бидат од трауматска природа – некаква повреда.

Најсовремените третмани се засноваат на регенеративната медицина или користење на биолошкиот потенцијал на сопствениот организам за репарација на оштетувањата на зглобната ‘рскавица.

Најчесто користени се: ПРП, матични клетки и во поново време репарација на оштетената ‘рскавица со автологна (своја) ‘рскавица. Овој најсовремен третман се изведува артроскопски или со минимално инвазивна техника (мали резови) и еднодневен престој во клиниката.

Бенефит од овој третман е фактот дека репарацијата/регенерацијата на зглобната ‘рскавица се движи меѓу 80 и 90%. Реинтеграцијата на новата ‘рскавица во дефектот се случува во период од 4 до 6 недели по имплантацијата. Постоперативно кај пациентите има прогресивно намалување на болките, нема отоци, нема алергиска реакција, бидејќи станува збор за имплантиран дел од своето ткиво, без вештачки додатоци, туѓи тела.

Потоа следува период на рехабилитација, која ја изведуваат едуцирани физиотерапевти.

Во Клиника „Жан Митрев“ проф. д-р Константин Митев – хирург трауматолог заедно со својот тим рутински ги изведува сите овие техники со одличен исход.

Оваа процедура е наменета за сите оние што имаат дефект на ‘рскавицата на кој било зглоб (рамо, колено, лакт или скочен зглоб).

За да закажете термин за преглед, обратете се на телефон 02/3091-484

Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот