девојка
Фото: Unsplash / Kevin Laminto

Совети кои можат да ги ублажат симптомите на атопичен дерматитис

Иако овие совети не се гаранција за трајно лекување на атопичен дерматитис или егзема –  алергиско воспаление на кожата, сепак нивната ефикасност е делумно поддржана од научни истражувања, а некои од советите ги препорачуваат луѓе кои живеат со атопичен дерматитис.

Внимавајте на производите за туширање

Правило број еден за одржување на егземата под контрола е користење на соодветни производи за туширање кои не ја лишуваат кожата од нејзината природна заштитна бариера и не предизвикуваат сувост. Геловите за туширање и шампонот за коса гледајте да не содржат мириси и бои, бидејќи таквите состојки имаат иритирачки ефект и може дополнително да го активираат дерматитисот. Затоа најдобро е да се консултирате со вашиот фармацевт кој може да ви препорача соодветни производи.

Хидратација

Редовната и обилна хидратација спречува сувост на кожата.Секогаш бирајте богати и масни хидратантни производи. Нанесете хидратантна крема веднаш по туширањето и во текот на денот секогаш кога ќе почувствувате затегнување или сушење на кожата.

profimedia
Profimedia

Влажни облоги

Влажните облоги помагаат во рехидрирање на кожата за време на акутна епизода на егзема, кога кожата е особено сува и чувствителна. По туширањето и нанесувањето на хидратантна крема особено на погодениот дел од кожата, облечете топла и пријатна облека под која можете да ставите завој со влажна газа. Чувајте го компресот неколку чаа или преку ноќ за да и дозволите на кожата да апсорбира што повеќе влага.

Избегнувајте топла бања или туш

Иако можеби мислите дека топлата бања или туш смирува, во случај на егзема топлата водата го прави токму спротивното – ја иритира кожата. Затоа, практикувајте млака вода.

unsplash

Не се чешајте

Чешањето на сувата и иритирана кожа дополнително ја влошува состојбата. Ако не можете да одолеете на нагонот за чешање, консултирајте се со вашиот фармацевт за некој производ кој ќе ви го олесни чешањето и ќе ви ја разлади кожата.

Облечете се добро кога излегувате надвор

Студениот и силен зимски ветер може дополнително да ја исуши кожата и да ги активира симптомите на атопичен дерматитис, па затоа, во студените денови кога ќе излезете надвор, облечете се пријатно и покријте го лицето со шал ако имате егзема и на лицето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот