Совет на Европа: Манипулацијата со историските факти се користи за поткопување на демократијата

Фото: Слободен печат

Извршната директорка на Опсерваторијата за предавање историја (ОХТЕ) на Советот на Европа, Аурора Аилинчај, денеска во Стразбур изјави дека манипулацијата со историските факти во наставата се користи за поткопување на демократијата.

„Злоупотребата и манипулацијата со историските факти во образованието се користат во многу делови од светот за поткопување на демократските процеси или домашните демократски институции“, рече таа за новинарите на презентацијата на новиот извештај за наставата по историја во Европа.

Таа предупреди дека на ова треба да се посвети посебно внимание бидејќи проблемот со манипулациите ја надминува медиумската слика и е длабоко вкоренет во образовните системи.

Таа посочи дека наодите од новиот извештај треба да се стават во контекст и го наведе примерот на руската агресија врз Украина како „потсетник за тоа што може да направи манипулацијата со историјата и каква опасност претставува манипулирањето заради политичка корист“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот