Состојба во ковид-центрите во Скопје: За 24 часа се хоспитализирани 55 пациенти, вкупно се лекуваaт 657 лица

Фото: Министерство за здравство

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 55 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 657 сомнителни и позитивни пациенти на ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, како што соопшти Министерството за здравство (МЗ), на интерните и на хируршките клиники имало 27 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 „септември“ имало 20 примени пациенти и осум биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле и на Клиниката за детски болести не биле примени нови болни.

Во изминатите 24 часа, се оздравени 22 пациенти.

Во моментот во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 313 пациенти.

Во ГОБ „8 „септември“ има вкупно 135 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 145 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти. На Клиниката за детски болести има 18 позитивни деца на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 7 позитивни пациентки.

Вкупно 657 потврдени и сомнителни пациенти на ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 887 пациенти, но има слободни кревети.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено лекување на вкупно 887 позитивни и суспектни пациенти на коронавирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во МЗ на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 74 позитивни и суспектни пациенти на ковид-19, а во болницата во Штип се хоспитализирани 67 пациенти.

На  инфективното одделение во Тетово има 37 пациенти, во Велес се лекуваат 70 болни, а во Куманово 141 позитивни и суспектни пациенти на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 95 пациенти, во Прилеп – 116 во Гостивар – 37, а во Струга – 14 болни.

Во болницата во Струмица се хоспитализирани 81 пациент, во Кочани и во Кичево по 28, во Кавадарци – 73, а во Гевгелија – 27.

Вкупната бројка на позитивни и суспектни пациенти на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.545 и има околу 238 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот