Соработничка на Орбан поднесе оставка поради расистички говор на унгарскиот премиер

Изборна победа на Виктор Орбан / Фото: ЕПА

Жужа Хегедуш, блиска соработничка на унгарскиот премиер Виктор Орбан, поднесе оставка на функцијата поради отвореното противење на Орбан на мешање на расите.

Хегедуш која беше соработничка на Орбан повеќе од 20 години го оцени како „чисто нацистички” говорот на унгарскиот премиер кој произнесе против нациите составени од „мешани раси”.

Меѓународниот комитет на Аушвиц говорот на Орбан го нарече „глупав и опасен”.

Портпаролот на Орбан изјави дека медиумите погрешно го пренеле обраќањето на премиерот на митингот одржан во саботата во Романија.

Бриселскиот портал „Политико” објави дека унгарскиот премиер изавил дека миграцијата ја поделила Европа и Западот на два дела, притоа посочувајќи дека земјите каде што се мешаат Европејците и неевропејците „веќе не се нации” туку „ништо повеќе од конгломерат на народи”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот