Сопственикот на Далас, Кјубан го спаси од улица пропаднатиот НБА играч

Марк Кјубан одлучи да му ја обезбеди потребната помош на поранешниот кошаркар на неговиот тим, Делонте Вест.

Делонте Вест пред неколку дена беше фотографиран како проси на улица во Далас иако во кариерата заработи повеќе од 16 милиони долари и играше заедно со Леброн Џејмс. Но, трагичната судбина го остави Вест без пари.

Пред десетина години му беше дијагностицирано биполарно пореметување, а имаше и сериозни ментални проблеми. Потоа се оддаде на пороците, односно дрогата, ги потроши сите заработени пари.

Поранешен НБА играч кој играше со Леброн Џејмс сега е бездомник (ВИДЕО)

Од 2016 година, Делонте Вест е бездомник и преживува просејќи по улици. На почеток од годинава тој беше претепан во Вашингтон, а пред неколку дена беше фотографиран како прости за храна.
Поранешните соиграчи, а меѓу нив и Леброн Џејмс му нудеа помош, но Вест одбиваше да оди на лечење.

Сега, откако се појави последната фотографија, сопственикот на Далас, Марк Кјубан одлучи да ги презеде работите во свои раце.

Тој го пронајде Вест во близина на бензиска пумпа како проси, го внесе во ресторанот на самата пумпа каде поранешниот НБА играч го чекаше целото негово семејство.
Во разговор со семејството, Вест се согласил да замине на лечење, а сопственикот на Далас му ветил дека ќе ги покрие сите трошоци, како и да му обезбеди се што му е потребно откако ќе заврши со лекарскиот третман.

Леброн Џејмс ќе му помогне на бездомникот и поранешен соиграч

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот