Леброн Џејмс ќе му помогне на бездомникот и поранешен соиграч

твитер

Ѕвездата на ЛА лејкерс одлучи да го згрижи својот поранешен соиграч, Делонте Вест.

Видеото кое се појави на социјалните мрежи и на кое се гледа како поранешниот НБА кошаркар, Делонте Вест, брутално е претепан од човек среде улица во Вашингтон ја шокира јавноста.

Потоа се појави уште едно видео на кое се гледа Вест со лисици на рацете, по што јавноста дозна дека поранешниот кошаркар има психички проблеми, дека е бездомник и проси за пари.

Откако виде во каква состојба е неговиот поранешен соиграл од Кливленд кавалирс, ѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, одлучи да му помогне. Тој веднаш ангажира луѓе кои би го донесе Вест во Лос Анџелес и планира да му помогне да застане на нозе. Освен Џејмс, се јавија уште многу НБА играчи кои се подготвени да му помогнат на Делонте Вест да се згрижи и да најде работа.

Интересно е што додека беа соиграчи во Кливленд, медиумите шпекулираа дека Вест имал афера со мајката на Леброн Џејмс, но тие шпекулации никогаш не беа потврдени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот