Сопственици на локали до Заев: Дивоградбата на пекара „Силбо“ е побесправна од онаа во ТЦ „,Мавровка“

Сопствениците на деловни простории велат дека веќе се обратиле до сите релевантни и надлежни органи.

Повеќе сопственици на локали преку оворено  писмо бараат премиерот Зоран Заев да наложи рушење на дивоградба во склоп на трговскиот центар „Бисер“, односно велат дека „дивоградбата на пекара „Силбо“ е понелегална и побесправна од онаа во „ТЦ Мавровка“.

Здружението на сопственици на деловни простории во трговскиот центар „Бисер“, од скопската населба Аеродром, со писмо до премиерот Зоран Заев бара да се сруши бесправно изграден објект во склоп на трговскиот центар.

„Во самиот трговски центар егзистира дива градба – пекарница, за која сопственикот не поседува дозвола за урбана опрема од Град Скопје, нема ниту градежна дозвола од Општина Аеродром, нема ниту сопственост на платформата на ТЦ ‘Бисер’ на која го поставил својот објект, но сепак како финансиски моќник непречен од никого изгради, постави и монтира, на сред трговскиот центар, најголем деловен простор. Во овој деловен простор смести машини за пекарница, донесе струја и целокупна опрема за производство и продажба на пекарски производи. Оваа пекарница, на очиглед на сите жители на Аеродром, е ништо повеќе од демонстрација на моќ и сила и на беззаконие“,
пишува во писмото на Здружението адресирано до премиерот.

Сопствениците на деловни простории велат дека веќе се обратиле до сите релевантни и надлежни органи.

„Овие институции ни одговараат дека тие не се надлежни, туку другиот орган, кој исто така потоа се прогласува за ненадлежен и така тоа оди веќе трета година… Исклучок е Град Скопје, кој не му издава дозвола ниту за вршење на дејност ниту за поставување урбана опрема, но сепак тој непречено изгради и постави објект и непречено произведува и продава храна“,
стои во писмото.

„Ако навистина се борите за чесна и правна држава, ако сте принципиелни и ако навистина сакате да ставите крај на вакви демонстрации на сила, во што Ви веруваме, Ве молиме да го испитате целиот случај и да преземете мерки како што тоа го направивте со дивоградбата пред ‘Мавровка’. Почитуван премиер, ние веруваме во Вас, нашата верба ја искажавме и на последните избори и како чесни граѓани и претприемачи Ве повикуваме да се уверите дека оваа дивоградба на пекарница ‘Силбо’ е повеќе нелегална и побесправна од ТЦ Мавровка“, пишува во писмото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот