Мелиса Гилберт и Тимоти Басфилд / Фото: Laurent Vu / Sipa Press / Profimedia

Сопругата на актерот Тимоти Басфилд, осомничен за злоставување деца, има неочекувано барање

Мелиса Гилберт, сопругата на актерот Тимоти Басфилд, се обрати до судот со необично барање, откако тој беше уапсен по обвинение за сексуално злоставување деца, пренесува „Пипл“.

Како одговор на барањето на обвинителите за старателство, на 16 јануари до судот беше доставен нов поднесок, кој содржи 75 писма за поддршка од членови на семејството, пријатели и колеги. Меѓу нив е и писмо од сопругата на Басфилд, 61-годишната актерка позната по нејзината улога во „Мала куќа во преријата“.

Во писмото, до кое дојде „Пипл“, Гилберт вели дека се обидува да остане рационална, но сепак се чини е преплавена од емоции и го моли судот да „се грижи“ за нејзиниот сопруг. Таа напиша дека особено се бори со фактот дека сега не може да го заштити и дека се потпира на судот да го стори тоа.

Гилберт, исто така, го опиша нивниот однос во писмото, велејќи дека се запознале накратко во 80-тите години, но се вљубиле во 2012 година. Таа го нарече Басфилд „своја љубов и поддршка“ и нагласи дека, според неа, тој е личност со силен морален компас која покажува емпатија и желба да им помага на другите секој ден.

Басфилд ѝ се предаде на полицијата во Албакерки, во сојузната држава Њу Мексико на 13 јануари, откако беше издадена потерница по него. Тој е обвинет за незаконски сексуален контакт со две момчиња, а истиот ден беше обвинет за две точки за сексуален контакт со малолетник и една точка за злоупотреба на дете.

Тој за првпат се појави пред суд на 14 јануари. Моментално е во притвор без кауција, а рочиштето за одлучување за неговиот притвор е закажано за 20 јануари.

Уште еден скандал во Холивуд: Издаден налог за апсење на познатиот актер Тимоти Басфилд поради сексуална злоупотреба на деца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот