Сонот за Премиер лига: Алиоски стартува против Бристол сити!

twitter.com/LUFCDATA

Езџан Алиоски (27) со својот Лидс јунајтед повторно како главна цел ќе биде да обезбеди место во најсилната англиска фудбалска лига.

Веќе долго време Лидс и неговите навивачи посакуваат враќање во Премиер лигата, а секако тоа би било уште големо остварување на нашиот интернационалец.

Новата сезона Лидс во Чемпионшиоп ќе ја започне на 4 август на гостински терен против екипата на Бристол Сити.

Официјално сезоната ќе започне на 2 август со мечот меѓу Лутон Таун и Мидлзбро, а еве ги и останатите двојки од првото коло: Барнсли-Фулам, Блекбурн-Чарлтон, Брентфорд-Бирмингем сити, Милвол-Престон, Ридинг-Шефинд Веднздеј, Стоук-КПР, Свонси-Хал Сити, Виган-Кардиф, Нотингем Форест-ВБА и Хадерсфилд-Дерби каунти.

Исто така, Лидс го дозна и противникот во првото коло од Карабао Лига купот на гости кај Салфорд сити, а дуелот ќе се игра на 12 август.

Македонскиот репрезентативец има договор со клубот од „Иланд роуд“ до 30 јуни 2021 година.

Претходно беа објавени и двојките од Премиер лигата, а веќе на стартот имаме големо дерби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот