Јаким Неделков, СОНК / Фото: принтскрин Фејсбук

СОНК нема да учествува на протестот на 1 Мај — Неделков одбрал преговори на маса

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска рече дека синдикатите на образованието, науката и културата нема да се приклучат на работничкиот протест, организиран од ССМ, на 1 Мај – Денот на трудот. Тој нагласи дека протестот го организира друг сојуз, а дека тие го одбрале патот на социјален дијалог и преговори.

„Протестот го организира друг сојуз, така што ние нема да се вклучиме. Ние го одбравме патот на социјален дијалог и преговори и резултатите ги постигнуваме на маса. Тие го одбрале тој пат да одат по улици, тоа е нивната стратегија и така нека продолжат. кажа Неделков пред почетокот на конференцијата на тема „Трудови политики и колективни договори – законска рамка, примена и предизвици“.

ССМ организира протест во петок на 1 Мај под мотото „За плата се бориме, не се молиме“. Оттаму повикуваат на масовност, за да работниците гласно ги истакнат барањата за повисоки плати и за подобри работни услови.

Осмиот и веќе традиционален првомајски работнички протест ќе започне во петок во 11 часот пред Работничкиот дом во Скопје.

На протестот се очекува учество на повеќе гранкови синдикати од различни сектори, меѓу кои и на тие кои веќе договорија зголемување на платите. Во објавата се наведени: Синдикат на УПОЗ; Синдикат за градежништво; Независен синдикат за образование и наука; Синдикат на културата; Синдикат на работниците од трговијата; Синдикат на медиумски информативни агенции; Македонски полициски синдикат; СИЕР Македонија; Агро-синдикат; Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита; Синдикатот на хемија, неметали и метали; Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија; Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва; Синдикатот на работниците од сообраќај и врски; Синдикатот на поштенските и телекомуникациските работници; Синдикатот на финансиските дејности; Синдикат за слободно дејствување; Синдикат на поштенски и телекомуникациски оператори.

Трендафилов: Една минимална плата не е доволна ни за „леб и вода“, ССМ на 1 мај ќе излезе на протест за повисоки плати и достоинствен живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот