Сон му донесе триумф на Тотенхем и се запиша во историјата на Премиер лигата (ВИДЕО)

twitter/Tottenham Hotspur

Двајца играчи на Тотенхем постигнаа несекојдневни рекордни остварувања во Премиер лигата во триумфот на Тотенхем од 3:2 на гостувањето кај Астон Вила.

Тотенхем до победата дојде во судиското продолжение, поточно во 94. минута, Хјонг-мин Сон му донесе три бода на Жозе Мурињо и ја продолжи битката за освојување на четвртото место во Премиер лигата кое носи пласман во Лигата на шампионите.

Астон Вила поведе со автоголот на Тоби Алдервеид во 9. минута, но Белгиецот се извади за киксот постигнувајќи гол во 27. минута. Со тој гол, Алдервеид стана третиот фудбалер на Тотенхем кој на еден натпревар ја затресол и сопствената и противничката мрежа, по Крис Армстронг (2002) и Герет Бејл (2012), а прв фудбалер по Фабијан Делф од 2014 година кој го сторил тоа во првото полувреме.


Потоа на сцена стапи Сон, кој во судиското продолжение од првото полувреме му донесе предност на Тотенхем. Овој гол беше јубилеен 50. за Кореанецот и стана првиот азиски фудбалер со толку голови во Премиер лигата.


Астом Вила израмни во 53. минута, и кога сите мислеа дека средбата ќе заврши без победник, повторно на сцена стапи Сон и во 94. минута му донесе триумф на својот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот