Сон Хјун Мин ќе ја продолжи кариерата во Лос Анџелес
Откако на прес-конференција потврди дека ова лето ќе го напушти Тотенхем, Сон Хјун Мин сака да биде едно од заштитните лицата на корејската заедница во Лос Анџелес, исто како што Лионел Меси е за аргентинската заедница во Мајами.
Препорачано
Капитенот на клубот, симбол на елеганција и борбен дух од Далечниот Исток, е подготвен да затвори поглавје кое трае цела деценија и да отвори ново, под палмите на Калифорнија, во дресот на ФК Лос Анџелес.
За 10 години во дресот на Тотенхем, Сон постигна 173 гола и имаше 101 асистенција во 454 натпревари, станувајќи првиот азиски играч кој постигнал повеќе од 100 гола во Премиер лигата и едно од најомилените лица на клубот.
Иако од Саудиска Арабија стигнаа богати понуди, Сон сака да ја продолжи кариерата во МЛС, поточно, во Лос Анџелес, град кој има најголема корејска заедница во САД и каде што веќе игра неговиот поранешен соиграч, Уго Љорис.
Следниот натпревар против Њукасл во неговата родна Јужна Кореја би можел да биде последниот што Сон ќе го игра во дресот на Тотенхем.
🚨 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: Tottenham captain Son Heung-min has AGREED to join Los Angeles FC.
(Source: @JacobsBen) pic.twitter.com/6ApaTt2gyY
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 2, 2025


