Девојка осомничена дека го убила момчето пронајдено во реката Пена кај Тетово

Локацијата каде било извадено телото на момчето / Фото: Слободен печат
Локацијата каде било извадено телото на момчето / Фото: Слободен печат

17-годишна девојка од тетовското село Рогле, која вчера била со тинејџерот кој настрада на Бањиче кај Тетово и чие тело беше извадено од реката Пена, е осомничена дека го сторила убиството. Таа се сомничи дека со тврд предмет го нападнала момчето од Ново Село во општината Желино, соопшти полицијата.

На девојката ѝ е определен 30-дневен притвор.

„Исто така, во врска со настанот, во присуство на родител, претставник од Центар за социјални работи, адвокат и медицинско лице бил извршен разговор и со 17-годишен малолетник од Тетово. Малолетничката била задржана во полициска станица, додека малолетникот бил ослободен. По документирање на случајот од страна на судија во претходна постапка во Основен суд Тетово, на малолетничката ѝ била определена мерка притвор во траење од 30 дена и е спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Скопје“, соопштија од СВР Тетово.

Инаку Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднесе барање за поведување подготвителна постапка против едно лице за кои постои сомнение дека сторило кривични дело Убиство.

„Осомничената 17 годишна девојка со умисла лишила од живот дете на возраст од 16 години. По вербална расправија во автомобил кај местото викано Бањиче таа со остар предмет го удрила оштетениот во главата неколку пати, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Потоа го турнала во реката Пена, а лицето било пронајдено починато по течението на реката“, соопштија од јавното обивнителство

16-годишното момче вчераутро беше пронајдено мртво во водите на реката Пена, во пределот кој води кон рекреативното место Бањиче.

Потрагата по 16-годишното момче , траела 7 часа, а во неа беа вклучени тетовските пожарникари, полициски службеници и семејството на настраданиот.

Трагедија во тетовско: 16-годишно момче пронајдено мртво во Пена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот