Седум часа се трагало по момчето кое беше извадено мртво од Пена

Локацијата каде било извадено телото на момчето / Фото: Слободен печат
Локацијата каде било извадено телото на момчето / Фото: Слободен печат

Потрагата по 16-годишното момче од Ново Село Општина Желино, чие мртво тело утринава беше извадено од реката Пена е започната синоќа петнаесетина минути пред полноќ.

Во неа биле вклучени тетовските пожарникари, полициски службеници и семејството на настраданиот.

Најпрвин е пронајдено возилото, со кое момчето вчера се оддалечило од неговиот дом во Ново Село, за што неговиот татко веднаш пријавил во полиција.

Местото каде било пронајдено возилото / Фото: Слободен печат
Местото каде било пронајдено возилото / Фото: Слободен печат

Но мртвото тело, бил пронајдено речиси 5 часа подоцна.

Река Пена / Фото: Слободен печат
Река Пена, во близина каде било пронајдено телото на момчето / Фото: Слободен печат

„Излеговме заедно со неговото семејство за да го побараме возилото кое го најдовме во близина на Бањиче. И од таа локација се префрливме да бараме во реката. Проверивме на сите страни, се знае дека ситуацијата горе е многу лоша има камења и карпи, дури сабајле се јавивме и информиравме дека го најдовме телото околу 6 часот и 45 минути. Потоа телото го извлековме од водата. Во овој период горе на Бањиче во реката Пена има многу вода, реално тешко беше да се извади телото, беа потребни многу пожарникари за да се вклучат за да го извадат телото, рече Авни Амети командир на ТППЕ Тетово.

Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош

Дежурен јавен обвинител извршол увид. По наредба на Јавен обвинител, телото е дадено за обдукција.

„Издадена е наредба за прибирање на сите докази за да се утврдат причините за смртта“, соопштија од Јавното обвинтелство.

Пределот кон Бањиче / Фото: Слободен печат
Пределот кон Бањиче / Фото: Слободен печат

Годинава ова е трет случај како службите вадат мртво тело од водите на река Пена. Во јануари 62- годишник од Тетово кој претходно беше пријавен за исчезнат за неколку недели беше пронајден во Пена, а во месец мај во реката во долниот дел на градот се удави 6 годишно дете.

Трагедија во тетовско: 16-годишно момче пронајдено мртво во Пена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот