Трагедија во тетовско: 16-годишно момче пронајдено мртво во Пена

Фото: Mиа

16- годишно дете од Ново село, Општина Желино, утринава е пронајдено мртво во водите на реката Пена, во пределот кој води кон рекреативното место Бањиче.

„Денеска во 07.10 часот во водите на река Пена, на патот кон место викано „Бањиче“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го пронашле телото на малолетникот од Ново Село, општина Желино, за кој претходно неговиот татко Џ.Х.(46) пријавил дека на 21.12.2022 околу 16.00 часот од дома се оддалечил со патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки. Претходно, околу 02.20 часот, возилото било пронајдено во близина на угостителски објект на место викано „Бањиче“, соопштија од СВР Тетово.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.

„Дежурен јавен обвинител има извршено увид. Издадена е наредба за прибирање на сите докази за да се утврдат причините за смртта, соопштија од Јавното обвинтелство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот