ВестиРегион

Сомнеж за бомба на паркинг во центарот на Белград

Веднаш на местото на настанот била испратена специјална единица за деактивирање експлозивни направи.

Еден припадник на обезбедувањето во трговски центар, кој се наоѓа во центарот на Белград, утрово јавил во полицијата дека се сомнева дека на паркингот се наоѓа бомба.

Веднаш на местото на настанот била испратена специјална единица за деактивирање експлозивни направи, но српското Министерство за внатрешни работи засега не соопштува повеќе детали.

Според локалните медиуми, припадникот на обезбедувањето пријавил дека слушнал чудни отчукувања под паркиран автомобил.

Тагови
Прикажи повеќе

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close