Солскјер отпадна, човекот кој помина 12 години на „Олд Трафорд“ ќе биде нов тренер на Манчестер јунајтед
Мајкл Керик е на чекор од тоа да стане нов шеф на стручниот штаб на Манчестер јунајтед, откако според најновите информации се договорени сите клучни детали и во наредниот период се очекува официјална потврда од клубот од „Олд Трафорд“.
Препорачано
Легендата на „црвените ѓаволи“ како фудбалер помина цели 12 години во дресот на Јунајтед, а во 2021 година имаше и кратка улога како привремен тренер. Во трката за нов предводник на тимот беше и Оле Гунар Солскјер, но раководството на крајот ја донело одлуката да му ја довери функцијата на Керик.
Како што објавува „Тајмс“, поранешниот англиски репрезентативец оставил најсилен впечаток за време на разговорите со клупските челници, меѓу кои и извршниот и спортскиот директор, што било пресудно во донесувањето на конечната одлука.
Инаку, Керик моментално е без тренерски ангажман, откако во јуни минатата година се раздели со Мидлзброу.
🚨🛑 Michael Carrick has accepted all conditions of Manchester United contract proposal.
The agreement is almost done and it will be sealed THIS week, as expected.
Here we go, soon. 💣🔙 pic.twitter.com/ljUUmyTOfh
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 12, 2026


