Солскјер мора да продава, па да се бори за потписот на Санчо!

фото: твитер

Џејдон Санчо е голема желба на Манчестер јунајтед во летниот преоден рок и до неодамна се чинеше дека неговото доаѓање на „Олд Трафорд“ е многу реално.

Но, далеку од тоа дека така лесно ќе се реализира трансфер со оглед на тоа што Борусија Дортмунд за неговиот играч бара 110 милиони евра, а тие пари моментно ги нема премиерлигашот.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер доби јасна порака од челниците на клубот, информираат британските медиуми, дека мора да се ослободи од четворица кои имаат високи плати за да се отвори простор за Санчо.

Се шпекулира дека е можно да си заминат Џеси Лингард и Алексис Санчез кои заработуваат 400.000 неделно, како и дефанзивците Крис Смолинг и Фил Џонс.

Потсетување, Санчез и Смолинг се на позајмица во Интер, односно Рома која изрази желба да го откупи одбранбениот играч. Од друга страна, Лингард и Џонс немаат голема минутажа сезонава…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот