Солскјер има три желби, но како до 250 милиони евра!?
Првата желба е крилото Џејдон Санчо, неговата сегашна екипа Борусија Дортмунд нема намера да го продаде за помалку од 120 милиони евра.
Прекинот на фудбалските натпреварувања оваа сезона поради пандемијата на коронавирусот донесе и финансиска криза во овој спорт.
Препорачано
Но, најголемите и финансиски посилни клубови би требало без поголеми проблеми да го издржат тоа што се случува и што би можело да се случува во блиска иднина. Еден од нив е и Манчестер јунајтед, еден од финансики најмоќните фудбалски клубови во Европа и светот.
И понатаму менаџерот на „црвените ѓаволи“ сонува за ангажирање на тројца играчи, но прашање е како од управата добие 250 милиони евра за трошење на летниот преоден рок, сума која според англиските медиуми му беше ветена пред пандемијата на коронавирус.
Првата желба е крилото Џејдон Санчо, неговата сегашна екипа Борусија Дортмунд нема намера да го продаде за помалку од 120 милиони евра.
Втората желба е Џек Грилиш, играчот за врска и капитен на Астон Вила. За негов трансфер од „Олд Трафорд“ ќе мора да одвојат 80 милиони евра.
И на крајот третата последна желба е младиот играч на Бирмингем, фудбалерот од средниот ред, Џуд Белингем. Има само 16 години и неговата вредност е 50 милиони евра.


