Соиграч на Трајковски и има клаузула од 250 милиони евра!

фото: твитер

Лани 19-годишниот играч од средниот ред Такефуша Кубо потпиша договор со Реал Мадрид на пет години.

Иако четири години се развиваше во „Ла Масија“, Барса беше казнета поради измамата со младите играчи, па Кубо не можеше да игра за каталонскиот клуб.

Јапонскиот „Меси“ како што го нарекуваат веднаш беше испратен на позајмица во Мајорка каде што е соиграч на македонскиот репрезентативец Александар Трајковски. Сезонава во шпанската „Ла Лига“ има 27 одиграни натпревари и три голови против Еибар, Реал Бетис и Виљареал.

Можно е направи трансфер во Реал Сосиедад, се поврзува со Ајакс, а во трката за неговите услуги е и ПСЖ.

Доколку париските „светци“ сакаат да го ангажираат Јапонецот ќе мора да направат нов светски рекорд, односно ја платата неговата клаузула од 250 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот