Павле Трајанов - претседател на ДС / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Софија се плаши од успехот на адвокатот Менкиноски во Стразбур, вели Павле Трајанов

Демократскиот сојуз го осудува потегот на властите во Софија да му изречат забрана за влегување во државата во траење од 10 години на адвокатот Тони Менкиноски, кој е правен застапник на здруженијата на Македонците од Бугарија пред судот за човекови права во Стразбур.

Ова, според Павле Трајанов, е чин без преседан во земја членка на Европската унија, која, како што велат, му забранува право на движење и професионален ангажман на еден адвокат во земја членка на ЕУ само поради фактот што застапува граѓани кои се борат за своите малцински права.

„Бугарија со оваа постапка пред цела Европа дрско и безобразно демонстрира дека не само што не ги признава Македонците како малцинство, туку ја попречува и нивната битка за регистрација на здруженијата што ја водат пред судот за човекови права во Стразбур, кој досега изрече 14 пресуди во нивна полза. Очигледно е дека официјална Софија, која со години ја игнорира правдата од Стразбур, почнува да покажува нервоза и на бескрупулозен начин се пресметува со оние кои успеваат да го докажат нејзиното антицивилизациско поведение на негирање на Македонците“ истакна Трајанов.

Тој вели дека очекува реакција од европските и меѓународните организации за човекови права за овој чин, а истовремено ги повикува македонските власти да реагираат со протестна нота до Софија.

Десет години не смее да влезе во Бугарија адвокатот Менкиноски, кој ги застапува тамошните Македонци во Стразбур

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот