Со закон се воведува електронско пријавување заразни болести

Министерството за здравство информира дека на електронскиот национален регистар на прописи ЕНЕР се објавени најновите измени и дополнувања на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Меѓу позначајните новини кои се опфатени со овие законски измени е дополнувањето на листата на заразни болести кои подлежат на задолжително пријавување, како и унифицирање на начинот на функционирање на АЛЕРТ 2.0 – синдромскиот систем за брзо известување и предупредување, согласно збирот на симптоми и знаци кои се присутни кај пациентите.

-Со најновите измени на Законот за заштита на населението од заразни болести предвидуваме воведување електронски систем за пријавување на заразните болести кои подлежат за задолжително пријавување. Исто така, предвидена е дигитализација и заштита на личните податоци преку воведување нов член кој овозможува користење интернет платформи и паметни апликации, а воедно се елиминира ризикот од неовластено располагање со податоците, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.

Исто така, со законските измени се предвидува обврска за континуирана едукација за дезинфекција, дезинсекција и дератизација, која ја спроведува Институтот за јавно здравје, проширена листа на патогени, како и информатичко поврзување на микробиолошките лаборатории.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот