Со Вардар ја освои Европа, „кралот“ на голманите најави пензија! (ВИДЕО)

twitter.com/SEHALeague

Еден од најдобрите ракометни голмани во историјата, Арпад Штербик на крајот од оваа сезона ќе ја заврши трофејната кариера, пренесуваат унгарските медиуми каде што настапува за Веспрем на нашиот Дејан Манасков.

Поранешниот репрезентативец на Југославија, и Србија и Црна Гора, роден во Сента, ќе ја заврши професионалната кариера на 40-годишна возраст.

Во сезоната 2016/2017 со Вардар ја освои титулата во Лигата на шампионите, а уште трипати беше европски првак во 2006, 2008 и 2009 година.

Штербик, кој на репрезентативно ниво со Шпанија по еднаш беше европски и светски шампион, одби да го продолжи договорот со Веспрем, бидејќи сака да ја заврши кариерата.

Во 2005 година беше прогласен за најдобар голман на светот, со репрезентацијата на Југославија освои две бронзи на светските шампионати во 1991 и 2001 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот