Со помош на овие трикови: Французинките јадат кроасани и пијат вино, а се слаби

Фото: Инстаграм

Французинките важат за едни од најелегантните дами со посебна убавина кои немаат многу поголеми проблеми со килограмите, иако многу често уживаат во неодоливиот вкус на нивните познати кроасани, како и во чаша уште подобро вино. Се прашувате како?

Имено, повеќето од нив прибегнуваат кон следните трикови кои се незаменливи сојузници во одржувањето на младешкиот изглед и витата линија. А она што е најважно, благодарение на своите животни навики, се наоѓаат на листата на најздрави жени во светот, а притоа знаеме дека јадат и кроасани и мрсни сирења, колбаси, шницли и многу путер.

Како им успева тоа?

Нутриционистите сметаат дека нивната основа е различен начин на живот од нашиот – тие се трудат да одржуваат рамнотежа на сите полиња. Значи, не се работи само за тоа дека Французинките држат посебна диета, туку на прво место ја ставаат рамнотежата во исхраната, што е тајната на нивниот младешки изглед.

Начинот на исхрана на Французинките не се заснова на броење калории, туку на комбинирање на намирници и умерено користење на нездрави намирници, кои не ги исфрлаат сосема од менито. Значи, можете да јадете сè, само во умерени количини.

Друг аспект на оваа исхрана е квалитетот на намирниците и оброците. Често јадеме брза храна подготвена со лошо обработени производи и токму тука грешиме. Се препорачува инвестирање во храната како процес на инвестирање во нашето здравје. Треба да купувате производи кои се природно одгледани, без дополнителни хемикалии.

Особено се препорачува:

– маслиново масло
– црвено вино
– сина риба
– многу овошје и зеленчук
– вода

Водата е исклучително здрава како прочистувач на телото, но ни дава и чувство на ситост. Во комбинација со споменатите намирници, сигурно ќе ве доведе до посакуваната линија.

Слатките и храната што вообичаено се смета за непожелна во диетите, како што е сирењето, не мора нужно да бидат лоши. Кроасан или овошна салата е добар десерт, и заситувачки оброк богат со витамини, па Французинките го јадат речиси секој ден.

Тие веруваат во уживањето во мали нешта – гастрономски задоволства. Меѓутоа, тие попрво ќе се одлучат за топка органски сладолед, отколку крофни со шеќер во прав. Дали ја гледате разликата?

Треба да се елиминираат преработените грицки како што се чипсот, солените кикиритки и другата штетна храна. Како нивна замена користете јаткасти плодови кои имаат бројни придобивки за нашиот организам, но и за нашето расположение.

За полесно да преминете на овој начин на живот, се препорачува подготовката и консумирањето на оброците да ги претворите во еден вид ритуал и време за себе. Значи, во текот на оброкот без прелистување весници, гледање телевизија и социјални мрежи. Со онлајн детоксикација и умерен начин на исхрана, не постои ниту една друга препрека која може да ве попречи на патот до посакуваната линија.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот