Со победа во Израел би ги вратиле надежите за ЕП 2020

Фото: ФФМ

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски после болните порази во јуни дома од Полска и Австрија, на гостувањата во Израел и Летонија ќе се обидат да ги надополнат тие шест бодови и комплетно ги вратат надежите во овие квалификации за учество на наредниот континентален собир.

Доколку продолжат негативните резултати, тогаш полека популарните „рисови“ ќе се фокусираат, иако сеуште е рано да се говори, полуфиналето во Лигата на нации во март 2020 против Косово во Скопје, односно во чие натпреварување кое можеби е најдобра опција за нас, ни се потребни само уште две победи за историски пласман на ЕУРО.

Како што најави селекторот Игор Ангеловски, неизвесен е настапот на капитенот Горан Пандев, тренира Аријан Адеми, па ситуацијата со подготвеноста на фудбалерите ќе го одреди почетниот состав вечерва против Израелците.

– Секогаш кога ќе дојдам тука со репрезентацијата, подготвен сум да дадам максимум. Така е и со сите играчи. Лесно е да се каже со зборови дека очекувам шест бодови, и тоа е можно и на теренот, но треба да го дадеме максимумот.  Сега треба да го добиеме Израел, и потоа со поголема самодоверба да играме и со Летонија и таму да победиме – изјави Алиоски.

Квалификации за ЕП 2020

Израел-Македонија (денеска, 20.45 часот)

После четири кола во Г групата лидер е Полска со 12 бода, Изреал има 7, а по нив следуваат Австрија 6, Словенија 5, Македонија 4, Летонија 0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот