Со оваа песна се пречекувал Тито во Скопје: „Земјо Мила“ во изведба на младиот пејач Даниел Крстески (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

„Колку векови во темнина си била, колку темни сказни знаеш, земјо мила, колку страдања на рамена си збрала, колку жртви ти за слобода си дала…“ – ова се стиховите од песната „Земјо Мила“, песна на која веруваме дека ниту еден Македонец не може да остане рамнодушен.

За тие кои не знаат, „Земјо Мила“ е создадена во далечната 1977 година од композиторот Јане Коџабашија, а ја испеал Никола Давидовски – Коле.

Ова вонвременско ремек-дело на Коџабашија се слушало и низ поголемите градови на поранешна Југославија, а повозрасните велат дека токму со неа бил пречекуван Маршалот Јосип Броз Тито кога доаѓал во посета на нашата земја.

За жал денеска оваа песна ретко имаме прилика да ја слушнеме на нашите радиостаници, но благодарение на младиот и талентиран Даниел Крстески, се надеваме оваа нумера повторно ќе заживее.

Крстески е можеби единствениот пејач кој се сети да направи препев на „Земјо Мила“ и истата да ја спакува во еден помодерен аранажман со модерна интерпретација.

– Сосема случајно ја слушнав песната на „Јутјуб“ и се потсетив дека кога бев дете беше многу вртена на телевизија и радиостаниците. Без многу двоумење ја земав гитарата и почнав да ја свирам. Така и ми дојде идејата да ја препеам. Веднаш му се јавив на професорот Јане Коџабашија од кого добив дозвола да ја преработам – вели младиот пејач Крстеки.

Даниел и екипата која работеше на овој проект се потурдија да направат и една видео-приказна која сведочи за страдањата на македонскиот народ наназад низ годините.

– За мене искрено беше голем предизвик и одговорност да се одлучам да прерботам веќе своевремено доста позната песна која е сработена од професионалци. Не е лесно и едноставно да се испее дело на професорот Јане Коџабашија, особено да се направи препев по феноменалната интерпретација на Никола Давитковски, кој сигурно би го вброиле во најдобрите вокали што некогаш пееле кај нас – изјави Даниел.

Уживајте во ова ремек-дело:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот