Со оружје среде бел ден ограбиле менувачница во Тафталиџе 2

Вооружен грабеж се случи попладнево во скопската населба Тафталиџе 2. Две лица со употреба на оружје зеле пари од менувачница која се наоѓа веднаш зад студентскиот дом „Гоце Делчев“. Според информациите тие влегле во менувачницата вооружени и откако на вработената ѝ се заканиле дека ќе пукаат во неа ја натерале да им ги даде парите.

Од МВР го потврдуваат случајот.

“Околу 13.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во менувачница на подрачје на општина Карпош две лица со закана со оружје од вработената одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Се уште нема точни информации колкава сума на пари одзеле крадците. Веднаш на терен излегла полицијата и се превземаат мерки за расчистување на случајот. Жената која работела во менувачницата не е повредена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот