Со новиот систем за влез и излез ЕУ регистрираше повеќе од 300 илјади патници
Новиот Систем за влез и излез (EES), кој Европската Унија го воведе на 12 октомври годинава, регистрираше повеќе од 300.000 граѓани на земји надвор од ЕУ, објави Европол.
Препорачано
Системот е имплементиран во 29 европски земји, вклучувајќи ги членките на Шенген зоната и неколку други придружни земји, и ќе биде целосно оперативен до 10 април следната година.
Европската полициска агенција Европол ќе има пристап до податоците на EES за целите на борбата против тероризмот и сериозниот криминал, вклучително и пребарувања базирани на биографски и биометриски податоци.
Тој пристап ќе биде строго регулиран и надгледуван од Европскиот супервизор за заштита на податоци (EDPS).
Извршната директорка на Европол, Катрин де Бол, нагласи дека системот ја зајакнува безбедноста во рамките на ЕУ и помага во откривањето на заканите пред тие да стигнат до европско тло.
EES овозможува дигитално снимање на пасошки и биометриски податоци – фотографии од лица и отпечатоци од прсти, како и датумот и местото на влез и излез на патниците, што ја подобрува ефикасноста и безбедноста на граничните контроли, се наведува во соопштението.
Нови правила од утре за влез во земјите во ЕУ: Ќе нѝ земаат отпечаток од прст и ќе нѐ фотографираат


