Со маски се игра ракомет во Шпанија, меѓу нив и Димитриевски (ВИДЕО)

Фото: marca.com

Денеска во рамките од осмото коло во најсилното шпанско првенство екипата на Адемар на домашен терен триумфираше со 31:23 (14:12) против Синфин.

Кај гостите играше македонскиот репрезентативец Дарко Димитриевски кој еднаш се запиша во листата на стрелците (1/2).

Еден од клучните во победата на домаќините беше и екс голманот на Вардар 1961, Алжирецот Калифа Гедбан кој забележа 11 одбрани.

Воедно овој меч беше првиот во АСОБАЛ лигата одигран со маски според новите регулативи (кои се во сила од оваа сабота) на Хунта де Кастилја и Леон.

Иако и двајцата тренери протестираа, не се согласуваа со ваквата одлука, судиите кои исто така носеа маски во закажаниот термин од 17.00 часот свирнаа почеток на натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот