Ѕвездата на виолина Ванеса Меј ќе го отвори годинешното „Охридско лето“

Со концертот на светски популарната виолинистка Ванеса Меј, на 12 јули (петок) во прекрасниот Антички театар во Охрид, свечено ќе почне 59-тото издание на фестивалот „Охридско лето“.

Меј стекна светска слава поради виртуозноста, но особено поради нејзиниот оригинален пристап на свирење на виолина, создавајќи фузија од класика со џез и електроника, со цел да ја доближи класичната музика до поширокиот круг на слушатели. На само 13 години таа стана првиот солист на виолина на таа возраст што одржал концерт во Лондон, а подоцна токму нејзиниот микс од т.н. техно и класика и донесе милиони продадени албуми во светот. Во 2006 година беше прогласена за најбогата музичарка под 30 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот