Со кампањата „Ние сме Европа“ ќе се промовираат придобивките од членството во ЕУ
Преку кампањата „Ние сме Европа“ Секретаријатот за европски прашања, во соработка со Владата ќе ги претстави придобивките неопходните реформи и начините како членството во Европската Унија ќе го заштити и зајакне македонскиот идентитет.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска ја промовираше кампањата и најави дека караванот ќе опфати осум градови со повеќе теми и тоа Скопје каде темата ќе биде економија, Струмица – труд и социјална политика, Прилеп – земјоделие, Битола – култура, Охрид – туризам, животна средина, Тетово – млади, Штип – инфраструктура и Куманово – енергетика.
Првиот настан е во Скопје на 30 август и ќе го отвори премиерот Димитар Ковачевски, информираше вицепремиерот Маричиќ.
Активностите, како што дополни, ќе вклучуваат посета, средби со целни групи кои се заинтересирани да прашаат нешто конкретно за темата и генерално за процесот на пристапување.
Во секој град ќе се одржува и трибина каде што ќе биде отворена за присуство на сите граѓани, рече вицепремиерот.
Тој информираше дека кампањата е во рамки на напорите Република Северна Македонија да ги исполни стратешките цели и да ги приближи граѓаните кон евроинтеграциите.


