Со хидратација до здрава и сјајна кожа

Како дел од дневната рутина за нега на кожата многу е важно да изберете производи кои ќе ѝ ја дадат неопходната хидратација. Хидратацијата е особено важна ако водите активен живот или ако поголемиот дел од денот го поминувате во канцеларија каде што клима уредите го сушат воздухот.

Кожата од секој тип, без разлика дали е сува, мрсна или комбинирана, може да биде дехидрирана. Тоа е состојба кога кожата не е снабдена со потребното количество вода. Кожата претставува природна бариера помеѓу организмот и надворешната средина, нè штити од надворешни опасности како што се микроорганизми, УВ зраци и нечистотии. Кожата презема многу тешка и сложена задача.

Само добро хидрираната кожа може успешно да одговори на овој предизвик и е способна да се спротивстави на надворешните штетни влијанија кои се причина за појава на знаците на стареење. Дехидрираната кожа покрај тоа што дава непријатно чувство на затегнатост, често пати изгледа рапаво и опуштено. Затоа е важно кожата секогаш да ја добива соодветната нега и хидратација. Покрај негата на кожата однадвор, многу е важно да внесуваме доволно количество на вода и преку пиење.

Одберете производи кои ја задржуваат влажноста на кожата

Изборот на препарати за нега на кожата е значаен. Како дел од дневната рутина за нега на кожата многу е важно да изберете производи кои ќе ѝ ја дадат неопходната хидратација. Хидратацијата е особено важна ако водите активен живот или ако поголемиот дел од денот го поминувате во канцеларија каде што клима уредите го сушат воздухот. Како дел од дневната рутина никогаш не заборавајте да ја заштитите кожата со производ со висок заштитен фактор, без разлика дали работите на отворено или во затворен простор. Избегнувајте производи кои ги затнуваат порите. После напорниот работен ден добро исчистете ја кожата со производи кои нема да ѝ ја одземат влажноста. Потоа нанесете хранливи и хидратантни средства за ноќна нега на кожата.

Вратете го сјајот на кожата со хидратантната рутина на Laphoticell

Дали го одбираме вистинскиот начин за хидрирање на кожата? Познатиот корејски бренд Laphoticell, Ве води низ неколку чекори од рутина за хидратантна нега на кожата.

ЧЕКОР 1. (ЧИСТЕЊЕ)

Одржувајте ја хидратацијата на кожата со благо чистење и целосно отстранување на нечистотиите со Lapothicell Poretox Foaming Cleanser. Тоа е нежно пенливо средство за темелно длабинско чистење на порите, со кремаста пена со меурчиња. Овој производ порите ги чисти со два пенливи системи кои ги елиминираат нечистотиите и шминката, оставајќи ја кожата хидрирана и избалансирана, без чувство на затегнатост по миењето на лицето. Со природни сурфактанти, ова средство за чистење е погодно за употреба кај сите типови на кожа и не предизвикува иритација. Содржи екстракт од лист од ним и масло од Juniperus communis кои се грижат за чистиот изглед на порите. Хијалуронската киселина со мали молекули ја трансформира грубата и дехидрирана кожа во кожа со хидриран, здрав и сјаен изглед, а пантенолот и екстрактот од Centella asiatica ја смируваат иритацијата.

ЧЕКОР 2. (ТОНИРАЊЕ)

Свежа и мека текстура на кожата ќе постигнете со дневниот мултифункционален тонер со благ пилинг ефект, Lapothicell A.C. Daily Calming Peeling Booster, кој содржи AHA и BHA. Помага во решавањето на различни проблеми со кожата како регулирање на себумот, отстранување на мртвите клетки, а исто така прави нежно тонирање и регулирање на pH балансот. Тоа е дерматолошки тестиран производ, кој дури и по една употреба ги ексфолира и редуцира мртвите клетки на кожата. Исто така го спречува создавањето на акни, го регулира создавањето на себум, ги отстранува дамките, белките, црнките, го изедначува нерамномерниот тен и ѝ дава помека текстура на кожата. Овој неиритирачки тонер кој овозможува секојдневен смирувачки пилинг погоден за сите типови на кожа, дава одлични резултати кај чувствителна, како и мрсната кожа склона кон акни, црнки и нерамномерен тен, притоа обезбедувајќи ја потребната хидратација.

ЧЕКОР 3. (ТРЕТМАН НА КОЖА)

Со Lapothicell Amino Hyaluronic Ampoule ќе забележите вистинско подобрување на текстурата на кожата благодарение на супериорната хидратација која ја пружа оваа ампула. Содржи амино комплекс, хијалуронски комплекс со неколку форми на хијалуронска киселина и природен смирувачки комплекс, кои ѝ даваат сосема нова димензија на хидратацијата на кожата. Со синергетскиот ефект на 17-те вида аминокиселини и 5-те вида на хијалуронска киселина која има моќ лесно да се впие и да продре во подлабоките слоеви на кожата, оваа ампула помага да се формира непосредна навлажнувачка бариера на кожата, која ја штити од губење на влажноста, надворешните штетни влијанија, на кожата ѝ дава полн изглед и ја подобрува нејзината текстура. Оваа ампула има вискозна текстура, која лесно се впива во кожата без да остави леплива трага. Тоа е хипоалерген и дерматолошки тестиран производ, без парабени.

ЧЕКОР 4. (НАВЛАЖНУВАЊЕ)

Со Lapothicell Multi-Active Hydrating Cream добивате ултра-хидрантен и смирувачки крем кој помага кај различни проблеми со кожата. Тоа е мултифункционален крем, кој на кожата ѝ дава еластичност и влажност и помага во заштитата од загадувачите на животната средина. Овој мултиактивен крем формира здрава и природна бариера и пружа континуирано одржување на хидратацијата на кожата. Овозможува смирување, навлажнување и осветлување на кожата. Екстрактот од цвет од камелија и шеа путер помагаат во интензивирање на хидратацијата, додека екстрактот од модар патлиџан ја смирува кожата и ја регулира рамнотежата на себумот, а екстрактот од планктон помага во грижата за фините линии и брчките. Ниацинамидот придонесува за рамномерен тон и помага во борба против брчките.


 

Олпео, специјализирана продавница за корејска козметика

Производите на Lapothicell можете да ги најдете ексклузивно во специјализираната продавница за корејска козметика Olpeo, на продажните места во ГТЦ-Скопје на 1-ви кат и Палма мол во Тетово, или да ги нарачате на www.olpeo.mk.


Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот