Илон Маск / Фото EPA-EFE/MICHEL EULER

Со години мислела дека се допишува со Илон Маск, па останала без 11.000 евра

Една жена наводно изгубила илјадници евра откако му поверувала на измамник кој на интернет се претставувал како Илон Маск. Нејзин роднина на социјалните мрежи објавил фотографија од писмо за кое тврди дека е фалсификат и дека лажно е потпишано од Маск, објави порталот „Унилад“ (UNILAD).

Comment
byu/meowsabbers from discussion
inpics

Во писмото, кое било адресирано до сопругот на измамената жена, се зборува за наводна инвестиција во „Тесла“. Во него пишува дека, за да може да си ги подигне веќе уплатените пари, таа мора да уплати уште еден износ, по што наводно ќе ѝ биде исплатен целиот износ по „последната уплата од 10.000 фунти“ (околу 11.465 евра). На дното од писмото стоеле името и потписот на Илон Маск.

Членот на семејството кој ја објавил фотографијата објаснил дека станува збор за неговата тешта, која е убедена дека навистина комуницира со Маск и дека инвестира во акции што не се достапни за јавноста.

„Ова трае со години“, напишал тој. „Не верува никому дека станува збор за измама. Убедена е дека секојдневно се допишува со Илон Маск на WhatsApp и дека комуницира и со целиот негов менаџерски тим.“

Семејството се обидело на сите можни начини да ја запре измамата, но безуспешно. „Се обративме до полиција, лекари и банки – сите велат дека не можат ништо да преземат, освен ако таа не претставува опасност за себе или за другите“, напишал тој.

Во очај додал: „Веќе не знаеме што да направиме, а таа практично остана без пари. Дури и ако ова стане вирално и ако Илон Маск јавно се огласи, таа не би му поверувала. Би рекла дека тој мора така јавно да зборува за да остане тајна нејзината инвестиција.“

За жал, ваквите измами, во кои сторителите се претставуваат како Илон Маск, не се ретки. Сличен случај имало и со жена од Џенсен Бич на Флорида.

„Постојано ми велеше дека ми е среќен ден и дека сум добила бела ‘Тесла’ и 250.000 долари во готово“, изјавила таа за „Фокс њуз“.
„Сè што требаше да направам беше да му испратам подарочна картичка од ‘Епл’ од 200 долари. И го направив тоа. Кога потрошив 800 долари, побара уште пари – наводно за да се покрие трошокот за камионот што се ‘расипал’ додека ги превезувал моите добивки.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот