Со години глумам оргазми, како да му кажам дека никогаш не ме задоволил?

Британските тевизиски ѕвезди Стеф и Дом Паркер на читателите за „Daily Mail“ даваат совети поврзани со бракот и врските, а овој пат за помош им се обрати жена која не знае како на својот партнер да му соопшти дека тој не ја задоволува во креветот

„Имам 46 години и во врска сум четири години. Многу го сакам мојот дечко и прекрасно ни е заедно. Единствен проблем е нашиот сексуален живот. Уживам во сексот, но непријатно ми е да му признаам дека често глумам оргазми. Многу размислував за тоа во последно време бидејќи пријателката ми кажа дека има нов дечко и многу се фали со сексуалниот живот кој го имаат. Тој никоаш не се пожалил, но искрено, јас не сум сигурна дали тој некогаш ме задоволил. На почетокот тоа ме шокираше, но сега започнувам да се прашувам зошто јас го немам тоа. Сакам да го поминам остатокот од животот со него, но би сакала и да ни биде подобро во креветот. Знам дека тој ќе се чувствува понижено бидејќи толку долго се преправав. Што да правам?

Стеф на тоа и одговори:

Првата работа која ми падна во око како извор на твојот проблем е твојата пријателка која се фали со својот сексуален живот. Така те наведува да ја преиспиташ својата врска, но имај на ум дека можеби не ја кажува вистината. Дали си сигурна дека навистина секогаш си незадоволна? Мислиш ли дека секогаш нешто недостасува меѓу вас двајца? Бидејќи обично на почетокот, кога штотуку се заљубувате, се е одлично. Понекогаш работите во спалната соба се забавуваат, па врската стагнира бидејќи без тоа тешко се остварува поврзаност. Ми се чини дека малку си љубоморна на својата пријателка, а не би требало да се споредуваме со другите жени. Мислам дека би требала сама себе да се запрашаш што те разочарува во креветот. Доколку се уште мислиш дека не е добро, тогаш имате проблем. Но доколку сметаш дека тој е полош од дечкото на твојата пријателка, размисли уште малку.

Доколку меѓу вас постои проблем, би требало да комуницирате. Откриј што ти недостасува и најди начин да му го кажеш тоа. На сите нас понекогаш тешко ни е да зборуваме за интимните проблеми. Но, тешко е и да сокриеш дека си незадоволна во креветот, па навистина се чудам како тој досега не забележал. Доколку навистина го сакаш, ќе најдеш начин да му помогнеш со цел да те усреќи и физички онолку колку што те усреќува емотивно.

Дом одговори:

Мислам дека е важно да му кажеш дека си лажела со добра намера, со цел да знае дека не си сакала тој лошо да се чувствува. На мене не би ми било драго да дознаам дека мојата партнерка ме лажела за нешто четири години. Верувам дека ова нема да ти биде лесно да го решиш, но мислам дека немаш потреба да ги влошуваш работите. Тоа е секако разговор кој мораш да го обавиш што побрзо.

Имаш две опции: или да го оставиш и да си ги сносиш последиците или да пронајдеш друг начин. Ми велиш дека го сакаш па ќе ти предложам друга опција. Минатото е минато и нема смисла да се копа по него. Кажи му дека се менуваш и дека твоето тело се менува. Некогаш луѓето мислат дека глумењето оргазам е најлесно решение, но никогаш не би сакал да мислам дека правам нешо добро ако не го правам. Следниот пат преземи контрола, дај му упатства и запамети дека мора да му дадеш време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот