Смртта на актерот Патрик Малдун поттикна важна тема – како навреме да ги препознаете симптомите на срцев удар
Актерот Патрик Малдун, ѕвезда на сериите „Мелроуз плејс“ и „Спасен од ѕвоното“, почина ненадејно во неделата од срцев удар на 57-годишна возраст, што ги поттикна лекарите повторно да предупредат за раните знаци на оваа состојба.
Препорачано
Иако официјалната причина за смртта сè уште не е детално објавена, повеќе извори наведуваат дека Малдун во неделата наутро доживеал ненадеен срцев удар. До срцев удар доаѓа кога протокот на крвта во срцето е блокиран, најчесто од згрутчувања на крвта, пишува „УНИлад“.
Рани знаци на срцев удар
Лекарите од клиниката Кливленд објаснуваат дека раните знаци на срцев удар можат да почнат со часови, денови, па дури и со недели пред самиот инфаркт на миокардот.
Доктор Жаклин Тамис-Холанд објаснила дека некои луѓе пред срцев удар поминуваат низ периодво кој симптомите се „појавуваат и повлекуваат“, а тие вклучуваат болка или непријатност во градите што се појавува и исчезнува, необичен замор, краток здив при вообичаени активности, епизоди на гадење и општо чувство дека нешто не е во ред.
Доктор Лесли Чо рекла дека повеќето луѓе се жалат на „притисок или стегање во градите“.
– Повеќето ќе кажат дека чувствуваат како некој да им седи на градите. Тоа создава голем притисок. Имаат некаков вид црно претчувство – рекла таа.
– Некои се потат. Некои ќе кажат дека чувствуваат болка што се шири кон левата страна на вилицата или по левата рака. Други, пак, се жалат на гадење. На некои им станува многу тешко да дишат. Исто така, слушнав дека и луѓето го опишуваат тоа како болка во грбот – додала д-р Чо.
Доктор Тамис-Холанд истакнал: „Некои луѓе чувствуваат непријатност во градите што исчезнува, па се враќа. Чувството може да трае пет или 10 минути. Но, бидејќи не е интензивно или силно и исчезнува, тие не се јавуваат кај својот лекар“.
– Некои едноставно се чувствуваат многу изморени неколку недели пред тоа. Иако ова е поредок знак на предупредување, некои пациенти го опишале ова чувство во деновите што претходеле на настанот. Тие немаат толку енергија како обично.
Експертката наведува дека може да се појави и чувство на претстојна пропаст, кое може да трае со денови.
– Некои луѓе после сè рекоа: „Едноставно не се чувствував добро, но не можам тоа баш да го објаснам тоа“ – заклучила д-р Тамис-Холанд.
Како пациентите го опишуваат срцевиот удар
Американското здружение на пензионери (ААРП) разговарало со неколку преживеани личности кои го преживееле срцевиот удар и ги замолил да ги опишат своите симптоми.
Бил Шафер (60) од Њу Џерси рекол дека чувствувал болка во грбот додека се качувал по скалите. На денот на срцевиот удар, почнал да се чувствува „испотен без потење, со треска без температура“. Во текот на вечерата почувствувал пречки во дигестивниот систем, а потоа и чувство дека срцето му е „згмечено“. Тој ѝ рекол на сопругата да повика итна помош.
Сузан Мадеро (66) од Лос Анџелес, имала „чувство како многу крупна личност да седи на нејзините гради“, чувствувајќи стегање во ребрата и недостаток на воздух. Потоа почувствувала болка во десното рамо и рака, во предниот дел од вратот, а потоа и кон вилицата.
Анџело Кис (54) од Далас, кревал тегови во вежбалница непосредно пред срцевиот удар. Забележувајќи напнатост во рамената и градите, тој помислил дека станува збор за истегнат мускул. Дури кога малку подоцна „едвај можел да стои“, сфатил дека доживува срцев удар.
– Ако имате кој било од овие знаци и сте загрижени, јавете се кај вашиот лекар или здравствен работник. Меѓутоа, ако мислите дека доживувате срцев удар, треба веднаш да се јавите во итната помош – советувала д-р Тамис-Холанд.


