Смртни закани за кошаркарот на Лејкерс кој го промаши шутот за титула
Гневните навивачи на Лос Анџелес Лејкерс му упатија смртни закани за играчот на „езерцата“ Дени Грин кој го промаши шутот за победа во петтиот натпревар од големото НБА финале.
Лејкерси во петтиот натпревар загубија со 111:018 од Мајами хит иако Дени Грин на неколку секунди пред крајот, при резултата 109:108 го промаши шутот за три поени со што Мајами хит намали на 2:3 во победи во финалето.
Грин им откри на медиумите дека неговата девојка добила смртни закани, а не бил одминат и самиот играч.
– Морав да ја прашам дали примила смртни закани, по што ми одговори дека не добила само таа туку и јас. Си помислив, не знам, бидејќи не обрнувам внимание на такви работи. Не сум вознемирен, потресен или загрижен. Можеби треба да бидам малку повеќе параноичен и повнимателен кога станува збор за безбедноста – изјави Грин.
Според бекот на Лејкерси, една од причините зошто не обрнува внимание на заканите е што цела година заедно со тимот се подготвуваат да ја освојат титулата и сега се наоѓаат на само една победа од таа цел.
– Ги игнорирам мислењата таквите луѓе. Единствени кои се релевантни за мене во тие кои се наоѓаат во соблекувалната на Лејкерс. Доколку и понатаму веруваат во мене и во сите нас, тоа се што ми е важно во овие моменти – додава Грин.