Смртен случај во семејството на Јанева – Тоа нема да влијае врз барањето на ОЈО за притвор

Утринава во Гевгелија, починала мајката на специјалната обвинителка Катица Јанева. Одговарајќи на новинарско прашање на прес конференцијата, обвинителката Вилма Рускоска посочи дека тоа нема да влијае врз нивното барање за притвор за обвинителката.

Катица Јанева беше уапсена во нејзиниот дом во Козле, од каде, во придружба на полицијата беше однесена во СЈО, каде се вршеше претрес на најзината работна просторија.

ОЈО на прес конференција соопшти дека доставило предлог за нејзин притвор.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот