ОЈО бара притвор за Јанева за случајот „Рекет“: Стекнала имотна корист од околу 5.000 евра

Обвинителството за организиран криминал доставило предлог до судот за определување мерка притвор за специјалната обвинителка Катица Јанева за вмешаност во случајот „Рекет“  во кој досега осомничени се и Боки 13 и Зоки Кичеец. Според ОЈО, Јанева ја злоупотребила службенатра положба и овластувања и стекнала имотна корист од 298 илјади денари, околу 5.000 евра односно, еден од осомничените за неа набавил мебел и облека.

При денешниот претрес на полицијата, од СЈО е одземен службенот компјутер на Јанева, а се врши претрес и во нејзиниот дом, потврди обвинителот Јовески.

Под сомнение дека изнудувале пари од бизнисмен за кој се води судска постапка, на кој му ветувале дека ќе влијаат врз јавен обвинител за повлекување на обвинението против него, осомничените Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец, се веќе во притвор.

Специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева негираше дека е вмешана во случајот „Рекет”. Таа обвини дека против неа и нејзиното семејство се води хајка уште од самото стапување на функцијата, со цел нејзина дискредитација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот