Смит Мексвејн од МЗТ прогласен за најкорисен играч на куп финалето
Неколку расположени кошаркари имаше во екипата на МЗТ Скопје Аеродром оваа вечер на финалниот меч од завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“.
Препорачано
Во финалето играчите на Васко Атанасов доминираа против домаќинот МКК Куманово со триумф од 96:70.
На крајот, МВП признанието го доби играчот на МЗТ, Мек Смит Мексвејн, кој за 22 минути во играта реализираше 23 поени 3/4 за три поени, 6/9 во обидите за два поени, и 2/2 за еден поен).
Американецот ги надополни и со три асистенции, два скока и една блокада, кои му донесоа 26 индексни поени.
МЗТ со убедливата победа во финалето дојде до 14. пехар во Купот на Македонија – четврти по ред.
МЗТ Скопје со три победи и вкупни плус 75 поени разлика дојде до пехарот совладувајќи ги Работнички (+31 кош разлика), Кожув (+18) и МКК Куманово (+26).
МЗТ уште еднаш ја потврди доминацијата во македонската кошарка
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9час
-
10час
-
10час
-
11час
-
11час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


